Еден загинат во страотна експлозија во Подгорица

Podgorica eksplozija

Во експлозија која се случила денес околу 10:40 часот во Подгорица со животозагрозувачки повреди се здобил еден маж кој набрзо и починал, потврдил за РТЦГ директорот на Ургентниот центар во Подгорица.
Починатиот настрадал во експлозија на автомобил “Тојота“ со цетињски регистарски таблички. Според пренесувањата на црногорските медиуми сторител на делото е 33-годишниот Никола Ч., кој во полицијата и претходно бил регистриран како “безбедносно интересно лице“, блиско со цетињските криминални групи.
Сомнежите се дека на автомобилот била поставена бомба, а од силината на детонацијата возачот на автомобилот излетал низ прозор.
Повредениот неколку минути лежел на улица и барал помош од насобраните граѓани. Неколкумина тргнале да му помогнат, но како што посведочиле, се откажале кога слушнале пукање на куршуми од запаленото возило.
На местото на настанот излегле полицијата, брзата помош и пожарникари кои го изгаснале запалениот автомобил.

 

Loading...