Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајка

Loading...

Едно лице го загуби животот од повредите задобиени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови во близина на Скудрински мост. Сообраќајот беше во прекин во двата правци од 17 часот во текот на вчерашниот ден.
Според првичните информации на СВР Тетово, во сообраќајната несреќа која се случила вчера попладнето учествувале товарно возило со приколка со дебарски ознаки и автомобил “Хјундаи“ со скопски регистерски ознаки. На самото место починал еден од сопатниците, а уште две лица се повредени и пренесени во гостиварската болница.
Полицијата изврши увид.

loading...