Еден загинат и еден тешко повреден: Се преврте трактор во беровско

Вчера околу 17.20 часот на излез од с. Двориште, беровско, С.Г.(47) од с. Двориште, управувајќи трактор,  изгубил контрола и се превртел, по што удрил во дрво. Во тешката несреќа, на местото починал З.Ч.(50) од с. Двориште, додека В.Г.(46) од с. Двориште се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Берово.

Loading...