Еден загинат и неколкумина повредени во страотна сообраќајка кај Дреноец, Кичевско

Едно лице загина, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на патот Кичево-Охрид, известува “24 Инфо“. Во страотната сообраќајка се судриле “Фолксваген Пасат“ и “Сузуки марути“  со Кичевски регистерски ознаки.  Според првичниот увид, сообраќајката се случила во 14 часот, кај Кичевското село Дреноец, а пожарникари се обидуваат да го извадат возачот од “Сузукито“.  Сообраќајот е во прекин, а полицијата прави напор да се оспособи една коловозна лента, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.