Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Крива Паланка

Едно лице почина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што вчера во 14:15 часот се случи  на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Облавце, потврди полицијата.
Несреќата се случила помеѓу три возила, товарно моторно возило, „Џип Гранд“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 27 годишниот Ф.А од Куманово и автомобил „Алфа Ромео“. Во несреќата починал возачот на џипот Ф.А, а пет лица се повредени и однесени во кумановската општа болница, информираше МВР.
-Повредените не се во животна опасност, имаат повреди на екстремитети и посекотини на лицето. Едниот од нив е однесен на опсервација на рентген дијагностика. Сите се задржани во кумановската болница, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Loading...