Еден убиен и петмина повредени во близина на Белата куќа

Едно лице е убиено, а петмина се повредени во близина на Белата куќа во центарот на Вашингтон. Пукањето се случило на околу три милји од Белата куќа во четвртокот вечерта по локално време.
Не е познато дали осомничениот за нападот е приведен, но полициски извор за локалните медиуми изјави дека се смета дека веќе нема “активен вооружен напаѓач“, додавајќи дека повредените не се во животна опасност.
Локалната телевизија WJLA, на Твитер објави фотографии од амбулантни возила кои превезуваат жртви од местото на злосторството, а во извештајот се вели дека реакцијата на полицијата на крстосницата на Четиринаесеттата авенија и улицата “Колумбија“ била “обемна“.

 

Loading...