ЕДИНИЦИТЕ НА ДНР ЛИКВИДИРАЛЕ АМЕРИКАНСКИ “ПЛАТЕНИК”: УБИЕН Е ВО БОРБИТЕ НА 23 АВГУСТ, ПОТВРДА СТИГНА И ОД АМЕРИКАНЦИТЕ

Американски државјанин неодамна почина во Украина, соопшти портпаролот на Стејт департментот.

ЕДИНИЦИТЕ НА ДНР ЛИКВИДИРАЛЕ АМЕРИКАНСКИ “ПЛАТЕНИК”: УБИЕН Е ВО БОРБИТЕ НА 23 АВГУСТ, ПОТВРДА СТИГНА И ОД АМЕРИКАНЦИТЕ

Припадници на проруската милиција во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), во источна Украина, го убиле американскиот државјанин Алан Џошуа, кој се борел на страната на Киев, соопштија властите на ДНР.

Како што се наведува, американски државјанин бил убиен во борбите на 23 август, јави народниот правобранител на ДНР Дарја Морозова.

Соопштено е и дека за неговата смрт биле известени американски претставници и шефот на набљудувачката мисија на ОН, наведува руската агенција.

ЕДИНИЦИТЕ НА ДНР ЛИКВИДИРАЛЕ АМЕРИКАНСКИ “ПЛАТЕНИК”: УБИЕН Е ВО БОРБИТЕ НА 23 АВГУСТ, ПОТВРДА СТИГНА И ОД АМЕРИКАНЦИТЕ

Американски државјанин неодамна почина во Украина, соопшти портпаролот на Стејт департментот.

Службениците се во контакт со семејството и даваат конзуларна помош, додаваат тие.

Исто така, повторуваме дека граѓаните на САД не треба да патуваат во Украина поради активниот вооружен конфликт и секвестрацијата на американските граѓани во Украина од страна на руски владини безбедносни службеници, и дека американските граѓани во Украина треба веднаш да заминат доколку е безбедно да го сторат тоа користејќи го комерцијални или други приватно достапни опции за копнен транспорт – изјавил портпаролот, а пренесува „The Guardian“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.