Единствената национална платформа за онлајн учење ќе биде достапна за корисниците

Loading...

Министерството за образование и наука ја лансираше единствената национална платформа за онлајн настава.

Веќе се испратени од МОН насоките до сите училиштата, кои задолжително треба да ги достават лозинките до учениците.

МОН ги повика учениците и родителите да ја посетат платформата во текот на викендов.

Учебната година почнува на 1 октомври, децата од прво до трето одделение ќе одат на училиште, а за повозрасните ученици, Владата одобри настава со физичко присуство во 169 основни и во четири средни училишта.

На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...