Едноставен и вкусен ручек: Крем чорба со спанаќ

За денешниот ручек ви го препорачуваме овој рецепт. Се подготвува за помалку од 20 минути, а чорбата со спанаќ е полна со витамини.
Состојки:
500 гр. спанаќ
Два големи компири
Две чешниња лук
Една главица кромид
Коцка пилешка супа
Кисела павлака
Маслиново масло
Сол, бибер


Начин на подготовка:
Измијте го спанаќот, излупете ги компирите и исечете ги на коцки.
Растворете ја коцката супа во 700 мл. топла вода.
Во тава на маслиново масло испржете го ситно сецканиот лук, па додајте го и го кромидот.
Прелијте со течноста од супата и варете додека компирот да стане мек.
На самиот крај додајте го и спанаќот.
Изблендирајте ја чорбата до посакуваната густина и сервирајте со павлака или кисело млеко.

Loading...