Едноставен колач со пудинг од ванила

Потребни состојки:
За тестото
1 јајце
1 шолја шеќер
1 шолја мелени ореви
1 шолја млеко
Половина шолја масло
1 шолја брашно
1 прашок за печиво
За филот
1 пудинг од ванила
300 мл млеко
2 лажици шеќер
150 гр путер


Начин на подготовка:
Изматете јајце и додајте половина шолја шеќер и продолжете да матите со мискер додека да добиете густа кремаста текстура. Потоа додајте млеко и со мешање постепено додавајте го остатокот од шеќерот. Потоа промешајте масло, со лажица додајте ги оревите и на крај со лажица додајте го и промешајте го брашното со прашокот за печиво.
Подготвената смеса додајте ја во набрашнета тава. Печете во тава на 180 степени околу 20 минути. По 15 минути проверете дали колачот е готов.
Започнете со подготовка на филот. Со 100 мл млеко додајте го пудингот и шеќерот, а остатокот од млекото ставете го во тенџере да зоврие. Намалете го оганот и додајте го пудингот во зовриеното млеко со постојано мешање. Тргнете го на страна да се излади, а потоа додајте путер и изматете со миксер.
Врз подлогата додајте од филот и наросете со додаток по ваша желба – рендано чоколадо, мелени бисквити, цимет, мелени ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.