Едноставен трик за чистење паркет

Loading...

Дрвените подови, односно паркетот, колку и да изгледаат естетски, не се секогаш лесни за одржување. Посебен проблем за многу домаќинки е како да постигнат висок сјај на овие површини.
Ако до сега не сте знаеле, постои еден многу едноставен трик за чистење со кој вашиот паркет секогаш ќе изгледа како да е штотуку поставен и да можете да се „видите“ на него.
Веројатно во вашиот дом веќе имате сѐ што ви треба од состојките, а доколку ги немате, лесно е да ги набавите, бидејќи се многу достапни.
Потребни состојки:
5 чаши топла вода
20 ml маслиново масло
30 ml алкохолен оцет
12 капки есенцијално масло од лимон
Измешајте ги сите состојки во кофа за чистење подови. Потопете крпа од микрофибер во растворот, исцедете ја добро и со неа поминете го паркетот.
Повторете ја постапката додека не се исчисти целата површина. На самиот крај, дрвената површина пребришете ја со крпа сува, за да не биде лизгава.

loading...
Loading...