Никој не сака да почувствува непријатен мирис од чевлите штом ќе ја отвори вратата од куќата или станот, а еве како можете да се ослободите од него без да потрошите многу пари.
Сè што ви треба се кесички чај. Земете кесички од секаков вид чај, ставете ги во чевлите и оставете ги преку ноќ на топло и суво место.
Колку подолго ги чувате во чевлите, толку поефикасно ќе биде сузбивањето на непријатните мириси, пишува Krstarica.com.
Освен што ќе ги потиснете непријатните мириси, можете и да ја протресете содржината од кесата во почвата на цвеќето, што ќе ги оплоди и ќе ги натера цвеќињата да ги добијат потребните хранливи материи.
Пронајдете не на следниве мрежи: