Едноставни совети кои ќе ве заштитат од вируси и настинки

Ниските температури и променливото време се период во кој владеат настинските и гриповите.
Обидете се секојдневно да правите работи кои значајно ќе го намалат ризикот од кашлица, висока температура, грип и слично.
Вода со лимон
Витаминот Ц е одличен за имунитет, а во лимонот го има во големи количини. Се препорачува да пиете лимонада еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак.
Добар внес на бактерии
Најдобар начин да се заштитите од грипот е да ја зајакнете имунитетот. При тоа важно е да знаете дека цревата и бактериите во нив имаат главна улога.
За да ја одржите цревната флора во добра состојба, мора да конзумирате храна која содржи добри бактерии.


Лук, шампињони и зачини
Зачините како куркума, оригано и чили се познати по своите лековите својства. Доколку сакате да го зајакнете имунитетот користете ги почесто. Намирниците како лукот и печурките исто така позитивно влијаат на здравјето.
Отстранување на бактерии и вируси
Знаете дека е важно редовно да миете раце, но во сезона на грип и настинка редовната дезинфекција на рацете е уште поважна.
Освен рацете, важно е да ги исчистите предметите околу себе, како на пример квака на вратата, столиците, масата… Истовремено не заворавајте редовно да ја проветрувате просторијата во која се наоѓате.
Спијте
Ако не спиете поради стрес или премногу обврски, ова се лоши вести за вас.
Недостатокот на сон и слабиот имунитет го намалува производството на Т-лимфоцитот. За да го избегнете тоа обидете се да спиете подолго.

Loading...