Еквадор ја слави плебисцитарната победа на претседателските избори

Loading...

Еквадорците во неделата приредија нов плебисцит за претседателот Рафаел Кореа, еден од лидерите на латиноамериканската левица, избирајќи го со големо мнозинство гласови повторно на чело на државата.

 Харизматичниот и популарен 49-годишен економист кој од доаѓањето на власта во 2007 година почна спроведува амбициозните социјални програми, вети дека ќе ка засили својата „револуција” во вториот и последен четиригодишен мандат што му го дозволува законот.
„Ви се заблагодаруваме на довербата. Никогаш нема да ве разочараме, ова е и ваша победа”, рече Кореа од балконот на претседателската палата во главниот град Кито пред илјадници одушевени приврзаници.
„Оваа револуција никој не може да ја запре. Во моментов ја создаваме историјата”, рекол претседателот Кореа кој победи уште во првиот круг од изборите со повеќе од 56 отсто од гласовите, чијашто победа беше обезбедена откако беа пребројани само 40 отсто од гласачките ливчиња.
Кореа и во понеделникот по пребројувањето на остатокот од избирачкиот материјал убедливо води пред својот против кандидат, конзервативниот банкар Гилермо Ласа, чиј процент освоени гласови се движи околу 24 отсто, според податоците што ги објави изборната комисија.
Победата на Кореа ја потврдуваат и трите излезни анкети од избирачките места, и тоа со голема предност пред неговиот противник кој веќе го призна изборниот пораз.
„Претседателот на заминување доби реизбор и тоа го заслужува нашето почитување”, призна претседателскиот кандидат Ласа, пред неговите приврзаници во пристанишниот град Гуајакила.
По објавувањето на резултатите, илиците на главниот град Кито беа преплавени од зелени знамиња на партијата Алианс Паис. „Рафаел, те сакаме”, извикуваше мноштвото приврзаници на Кореа.
Тој својата победа ја посвети на венецуелскиот претседател Уго Чавез кој се уште се наоѓа на лекување на Куба по четвртата операција од рак.
Макфакс
Еквадорците во неделата приредија нов плебисцит за претседателот Рафаел Кореа, еден од лидерите на латиноамериканската

loading...