Еколошката такса ќе ги зголеми цените на нафтените деривати – Од 1 јули ќе бидат зголемени за 3,5 денари

Loading...

Владата веќе пресмета дека во Буџетот ќе се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или 3 милијарди и 300 илјади денари за цела година. Премиерот Зоран Заев рече дека средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија.
А, пред само неколку дена министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека се уште нема владина одлука и дека воведувањето еколошка такса ќе оди преку консултации со засегнати страни.
„Еколошката такса оди 3 и пол денари на нафтата со порака да се откажеме од нафта и нафтени деривати и помалку нивно користење за да поминеме буквално на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, со тротинет, да се движиме се почесто со електричните возила затоа што тоа го прави целиот свет. Преку една ваква еколошка такса средствата ги алоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија“, посочи премиерот Зоран Заев.

loading...
Loading...