Експертите за пријавите за бомби во училиштата – хибридна закана и директен напад на градоначалничката Арсовска

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски денеска изјави дека целта на лажните пријави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга“ како се прави хибридна закана. Бебзедносниот аналитичар Милан Стефановски е уште поконкретен – дали целта со пријавите за бомби во скопските средни училишта е градоначалничката?

За безбедносниот аналитичар Милан Стефановски, речиси и да нема никаква дилема дека целта на овие хибридни напади е градоначалничката на Скопје Данела Арсовска

„Хибридните напади користат манипулации со цел да извршат одредено влијание. Целта на хибридните напади е да влијаат на јавноста или процесите кои се значајни за донесувањето на клучни одлуки. Во таа насока главниот фокус на хибридните напади може да бидат лидери, јавни личности, медиуми… Креаторите на хибридните напади настојуваат да влијаат врз кредибилитетот и интегритетот на личностите или групите значајни за одлучувањето”
Експертите за пријавите за бомби во училиштата – хибридна закана и директен напад на градоначалничката Арсовска

„Овој тренд почна пред неколку месеци прво во Србија, Белград, Нови Сад потоа и Сараево. Еве сега и кај нас. Да, тоа е дел од закани коишто засега остануваат само во фаза на погрешно испратени пораки, меѓутоа полицијата има обврски и добро е што се постапува на тој начин. Децата и наставниците и сите присутни во училиштата мора веднаш да бидат евакуирани и однесени на безбедно и полицијата да ја провери секоја пријави за поставена бомба или каква било закана. Тоа се прави и ќе се прави во наредниот период. Министерството за внатрешни ги гради капацитетите да може да одговори на ваквите закани, да ги пресретне ваквите пораки, да ги анализира и да ги спречи едноставно“, изјави професорот Никола Дујовски за утринската програма на Македонската телевизија.

Намерите на луѓето кои ги праќаат овие пораки, истакнува деканот на Факултетот за безбедност, е да предизвикуваат страв и паника кај населението се повеќе од евидентни.

„Веројатно не е можно да се случи некаква поголема штета освен напишаната порака, но ние секако мора да бидеме претпазливи затоа што едноставно светот, а особено овој регион е многу чуствителен на таквите хибридни закани и на се друго што може да предизвика вознемиреност. Не случајно се избираат училиштата, средните училишта воглавно. Затоа што таму децата патуваат самостојно, родителите вообичаено не знаат каков е процесот додека децата се таму и ова е токму онака како по книга како се прави хибридна закана“, вели Дујовски.

Според него, добро е што разменуваме информации во мрежата на НАТО бидејќи овие прашања не се само за Македонија, ниту пак сме ние единствена земја изложена на вакви притисоци и добро е да ги градиме нашите капацитети и натаму.

За безбедносниот аналитичар Милан Стефановски, речиси и да нема никаква дилема дека целта на овие хибридни напади е градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
„Хибридните напади користат манипулации со цел да извршат одредено влијание. Целта на хибридните напади е да влијаат на јавноста или процесите кои се значајни за донесувањето на клучни одлуки. Во таа насока главниот фокус на хибридните напади може да бидат лидери, јавни личности, медиуми… Креаторите на хибридните напади настојуваат да влијаат врз кредибилитетот и интегритетот на личностите или групите значајни за одлучувањето”, вели Стефановски во изјавата за МКД.мк.
Според него, индикативно е тоа што лажните пријави се случуваат само на територијата на Град Скопје и ингеренциите кои ги има градот над средните училишта.
„Го отфрлам контекстот на Украина и геополитичките процеси. Далеку сме од избори. Можеби можно е да се користи спин за да се дефокусира јавноста од можните уставни измени, но тогаш тоа им одговара на сите политички чинители, а хибридните напади би се случувале и кон други институции и личности. Мојата логика говори дека цел на овие напади е Данела Арсовска бидејќи се охрабри и одважи да расчисти со партизираниот систем, криминалните дејства и коруптивните зделки кои беа објавени, а задираа директно до луѓето на Мицкоски. Но, претходно имаше расчистување и со тие што не одеа на работа, претежно гласачко тело од албанскиот кампус. Арсовска е сѐ погласна и во критикита кон власта. Така што поверојатно е дека на многу чинители им одговара јавноста да има перцепција дека градот не функционира во полн капацитет и да се предизвика немир и револт, бидејќи нели тоа е и стратегијата на хибридните напади. Станува збор за обид за политичка субверзија и намалување на кредибилитетот на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска”, заклучува Милан Стефановски.

И двајцата изразуваат уверување дека овој тренд ќе се смири и дека институциите ќе се посветат на ниво на задачата.

Вчера во Скопје во девет средни училишта имаше лажни пријави за поставени бомби. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.