Експертите за рускиот „Спутник V“: Тоа е повеќе молотов коктел отколку вакцина

Loading...

Во глобалната трка за вакцина против коронавирус, рускиот претседател Владимир Путин во вторникот објави дека неговата земја е еден чекор понапред.

Русија објави дека локално развиената вакцина добила регулаторно одобрение и дека може да биде достапна за јавноста во наредните месеци.

Путин рече дека вакцината ги поминала сите потребни тестови за безбедност, но здравствените експерти се загрижени за брзината на  развојот.

Поранешниот соработник на Управата за храна и лекови (ФДА), Питер Питс изрази сомнеж во врска со руската изјава во интервју за „Еуроњуз“.

– Нема податоци, нема транспарентност, нема ФДА во Русија и тие имаа историја на одобрување на лекови и вакцини со малку или без никакво тестирање – рече Питс.

Тој додаде дека руската вакцина во моментот е „помалку вакцина,а повеќе молотов коктел“. „И тоа е токму она што не ни треба во глобалната борба против Ковид-19“, рече тој.

 

loading...