ЕКСПЛОЗИИ OДЕКНУВААТ ВО КИEВ! ДРОНОВИ КАМИКАЗИ УДРИЈА НА СИТЕ СТРАНИ! Се огласија сирените за воздушен напад

Киев повторно е цел на напади на руската армија.

Најмалку три експлозии се слушнале во главниот град на Украина, Киев, откако се огласиле сирените за воздушен напад. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека се оштетени станбени згради во централното подрачје на Шевченковски. Андриј Јермак, началникот на кабинетот на претседателот Зеленски, изјави дека нападите ги извршиле таканаречените камикази беспилотни летала.

„Русите мислат дека тоа ќе им помогне, но таквите акции се како агонија. Ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и тоа што е можно поскоро. Немаме време за бавна акција. Повеќе оружје за заштита на небото и уништување на непријателот. Така ќе биде“, рече Јермак.

Сирените за воздушен напад се огласија во Киев во 6:25 часот, речиси секојдневна појава која граѓаните често ја игнорираат. Овој пат, сепак, набрзо потоа беа проследени со серија експлозии помеѓу 6.35 и 6.58 часот. Втората серија на експлозии ја слушнаа дописниците на Гардијан околу 7.15 часот по локално време.

Шефот на украинската државна железница, Александар Камишин, рече дека некои удари се случиле во близина на централната станица во Киев. Десетици луѓе се засолниле во подвозникот на станицата.

Помина точно една недела од претходниот ракетен напад врз Киев, кога неколку руски проектили го погодија главниот град, при што загинаа 19 лица. Експлозиите се случиле околу 07:00 часот по локално време (04:00 часот по Гринич), изјави репортерот на Би-Би-Си, Пол Адамс, кој се наоѓал во градот.

На Телеграм, Кличко рече дека се во областа Шевченковски, која беше погодена минатата недела. Тој рече дека спасувачите се на местото на настанот и им рекле на жителите да останат во засолништата за воздушни напади.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.