Експлозијата во Бејрут создаде кратер длабок 43 метри

Loading...

По експлозијата во главниот град на Либан, Бејрут, создаден е  кратер длабок 43 метри, јавува “Sky News” , повикувајќи се на извори во либанската полиција.

Бројот на загинати од експлозија во центарот на Бејрут во вторникот се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското министерство за здравство.

Како што објавија, 21 лице се наведени како исчезнати.

Ужасната експлозија во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој беше складиран во магацинот шест години, откако беше конфискуван од царинската служба.

loading...