Експлозијата на метеоритот над Чељабинск 30 пати посилна од атомската бомба фрлена над Хирошима

Loading...

Експертите од американската агенција за вселенски истражувања NASA во саботата ги прецизираа пресметките за параметрите на вселенското тело кое падна во петокот наутро во рускиот град Чељабинск, при што дојдоа до заклучок дека објектот бил многу поголем, а предизвиканата експлозија помоќна отколку што се мислеше – 0,5 мегатони, што е 30 пати повеќе моќноста на атомската бомба фрлена врз јапонскиот град Хирошима на крајот од Втората светска војна.

 
Во петокот, во 04,20 часот по македонско време жителите на неколку руски региони на масивот Урал забележаа летечки болид – огнена топка со опашка од чад. Падот на вселенското тело заврши со сјаен блескот и силна експлозија. Во градот Чељабинск, кој беше во близина на епицентарот на ударот, од ударниот бран беа оштетени многу згради, разбиени се околу 100 илјади квадратни метри стакло, а околу 1.200 луѓе побараа лекарска помош.
Според новите процени на научниците на NASA, големината на космичкото тело при влезот во атмосферата не изнесувал 15, туку 17 метри, а тежината 10 илјади тони (претходните пресметки укажуваа на најмногу 7.000 тони). „Покрај тоа, евалуацијата на енергијата ослободена при овој настан, е зголемена од претходните 30 на 500 килотони”, се вели во соопштението на американската вселенска агенција објавено на нејзината интернет страница.
Овие процени се направени благодарение на дополнителните податоци добиени од пет инфразвучни станици, од кои едната се наоѓа во Аласка, 6.500 километри од Чељабинск. Информациите од оваа станица покажува дека летот на болидот од моментот на неговото влегување во атмосферата на Земјата до ударот во површината траел 32,5 секунди.
„Настани од оваа големина може да се случат во просек еднаш на сто години … Може да се очекува дека поголем број метеорити стигнале до Земјата, во овој случај можеби имало и повеќе”, вели Пол Чодас, директор на програмата за истражување на објекти во близина на Земјата на Лабораторија за реактивни движења на NASA.
Сепак, засега не постојат веродостојни податоци за наводните пронаоѓања на остатоци од вселенскиот болид што се урна крај Чељабинск.
Во областа на падот на метеоритот фрагменти паднаа речиси врз целата територија на градот Чељабинск, вклучително и во предградијата. Официјалните податоци за бројот на повредените се зголеми во текот на денот на алармантна стапка. Првично беше информирано само за четири настрадани лица, а потоа за околу 50 повредени, веќе два часа по ударот веќе имаше околу 400, по уште два часа повеќе од 700, а во следните два часа бројот на настрадани надмина илјада. Според најновите податоци на руското министерство за здравство, повредени се 1.147 луѓе, вклучувајќи 259 деца, а на клиниките е хоспитализирано 51 лице, од кои 13 се деца. Притоа лекарите од Националниот центар за медицина при природни катастрофи, врз основа на медицинската евиденција, одлучиле да транспортираат во Москва 52-годишна жена кај која се утврдени скршени два пршлена.
Гувернерот на Чељабинската област, Михаил Јуревич информираше за руските медиуми дека има две потешко повредени лица во предградието на Чељабинск, каде што се урнала рамка. Претходно градската администрацијата соопшти дека двете жртви се на оддел за интензивна нега.
Во принцип, според гувернерот, во две третини од случаите на повредите станува збор за полесни повреди нанесени од парчиња од болидот.
Властите на регионот Чељабинск прелиминарно ја проценија штетата од падот на метеоритот на милијарда рубљи, изјави гувернерот Михаил Јуревич, кој смета дека сумата ќе се зголеми.
Од падот на метеорскиот дожд, според податоците на руското министерство за вонредни состојби, оштетени се 2.962 објекти, од кои 34 се здравствени установи, 11 установите за социјална заштита и 361 училишта и детски градинки.
Гувернерот соопшти дека Оперативниот штаб уште прибира информации од општините од регионот на Чељабинск, како и дека конечната процена ќе биде позната до понеделник.
Макфакс
Експертите од американската агенција за вселенски истражувања NASA во саботата ги прецизираа п

loading...