Експлозија на танкер за нафта во Нигерија, најмалку 12 загинати

Како што соопшти полицијата најмалку 12 луѓе загинаа во експлозија на превртен танкер за нафта во Нигерија. Исто така повредени се најмалку 22 лица кои со тешки изгореници се пренесени во болница.
Експлозијата се случила во момент кога десетици луѓе се собрале околу превртениот брод да исчистат нафта. Локални медиуми јавуваат за најмалку 60 загинати.
– Полицијата извади само неколку тела, многумина се изгорени, изјави еден од сведоците. Според него, речиси и невозможно е некој да ја преживеал експлозијата.

Loading...