Елвис Присли обожувал да го јаде ова јадење – 6 месеци секој ден, а еве што презирал

Loading...

Според Енџи Маркезe, кралот на рок музиката обожувал храна, но рибата не смеела да постои во неговиот дом затоа што не можел да го поднесе нејзиниот мирис.
Тој сакал да јаде добра шницла, пире од компири, пржено пилешко месо, тестенини со сирење… се освен риба.
„Нејзиниот мирис не можеше да го поднесе“, објаснила Енџи.
Еден од оброците на кој што „се навлекол“ бил ролат од месо со пире од компири, пренесува „Mirror“. Според зборовите на неговата поранешна сопруга, тој толку многу го сакал тоа јадење што секој ден за вечера го консумирал – и тоа шест месеци.
Елвис бил опседнат со одредена храна, па би ја јадел додека истата не му здодее, но ролатот од месо му бил омилен.
Обожувал во исхраната да внесува и сендвичи со сланина и сенф, пржен путер од кикирики, пржена сланина и грашок.
Од десерти сакал чоколадна торта, а за ужина јадел банани со сланина, што за многумина звучи незамисливо.


Рецепт за ролат со месо:
Состојки:
– 1 килограм мелено месо по избор;
– 2 главици кромид;
– 2 чешниња лук;
– 1 сирово јајце, 4 тврдо варени јајца;
– сол и бибер;
– исецкан магдонос;
– 3 лажици изрендано тврдо сирење;
– 3 лажици презла.
Подготовка:
Кромидот и лукот исецкајте ги на ситни парчиња, потоа заедно со останатите состојки измешајте во компактна смеса. Зачинете по желба. Може да додадете и ливчиња босилок. Развлечете ја смесата во дебелина од два центиметри, на неа ставете ги варените јајца, па обликувајте во форма на ролат.
На плех за печење ставете хартија за печење, а рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Печете околу 1 час, а по желба може да ја прелиете со пиво за подобар вкус.
Како прилог послужете со класично пире од компири.
Пријатно јадење!

loading...