Елена Петреска ја доби битката со коронавирусот: За празниците во агонија, 14 дена во болничка постела на Инфективна!

Loading...

Во недостаток на можности за настапи, пејачката Елена Петреска во последниот период и се посветена на модата и убавината, на фотографирањето, фотосесиите и инфлуенсерството.
Повеќе заради разбивање на монотонијата, отколку заради егизстенција од тоа, како што неодамна и самата напиша покрај неколку споделени фотографии од минатото, од своите живи настапи:
„Ова бев… А сега… Тоа не сум јас, тоа е некој што ме глуми и ужива во досада“!


Во меѓувреме, помеѓу две фотосесии за своја душа, или професионални на кои постојано изгледаше модерно, префинето, женствено, провокативно, секси… на пејачката и се случи нешто многу пострашно од здодевноста и монотонијата. И се случи она од што сите стравуваме, се плашиме, се надеваме дека нас ќе не избегне… Но, неа за жал ја стигна опакиот вирус, Елена заболе од Ковид 19.
Иако додека не го прележа, не ја помина најстрашната и најкритична фаза на коронавирусот, очигледно не сакала јавно тоа да се знае, зашто здравјето конечно е дел од најдлабоката приватност, од личната интима не секој од нас.
Но, по излегувањето од болница, каде пејачката според нејзините зборови минала 14 дена, Елена Петреска реши да се огласи, јавно да ја обзнани својата голгота при борбата со вирусот и да им се заблагодари на сите кои во најтешките мигови биле покрај неа.


„Конечно дома по 14 дена на инфективна поради Ковид-19. Благодарам на Бога што се добро спомна! Благодарна сум што ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила! Најискрено од срце му се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Клиниката за инфективни болести, тие се мои херои за кои имам многу да раскажам, бидејќи ако ништо друго, барем тоа им го должам, да знаат сите тоа значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња! Сакам да ви кажам дека ја видов реалната слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост ќе ви ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно“ – напиша Елена во пораката по враќањето дома на својот Фејсбук профил.

loading...