Овој напиток дефинитивно ќе ве разбуди. Лимонот го раздвижува црниот дроб, помагајќи му да произведе дигестивни сокови кои ќе ја поттикнат детоксикацијата. Куркумата е одлична за метаболизмот и варењето.
Состојки :
1 јаболко
2 моркови
Целер
Сок од 1 лимон
1 крушка
1-2 лажици куркума
Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги сите состојки освен лимоновиот сок и куркумата, за кои е важно да ги додадете на самиот крај.
Конзумирајте го овој напиток по празниците кои беа исполнети со многу мрсна храна, долги ноќи без сон и алкохол.