Епидемијата на морбили не стивнува, еве колку нови заболени има за една седмица

Loading...

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека за само една седмица вкупно се пријавени 109 нови случаи на мали сипаници (морбили), од кои 49 се од Скопје. Меѓу нив 89,8 насто се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од декември минатата година од почетокот на епидемијата во Скопје регистрирани се 767 случаи на морбили. Епидемиолошки поврзани и пријавени во Скопје се 575 случаи.
Според постојано живеалиште, заболени од морбили се регистрирани во 20 градови од Македонија. Од нив 521 случај од Скопје, 63 од Тетово, 61 од Куманово, 27 од Струга, по 18 заболени се од Гевгелија и Дебар, 15 од Гостивар, 12 од Велес, 11 од Кичево, и по 4 од Кочани и Штип. Во останатите 9 градови се регистрираат спорадични случаи, а највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга, велат во ИЈЗ.

 

loading...