Епилог од семејната драма во Кочани: Таткото мртов, мајката повредена, синовите приведени

Loading...

На 30.09.2019 во 05.20 часот во СВР Штип, Д.С. (30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на улица „Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С. (55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С. (46) која се здобила со повреди и била пренесена во болницата во Кочани.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било пронајдено безживотното тело на В.С., со убодна рана во пределот на градите.
Во врска со случајот приведени се Д.С. (30) и А.С. (25), синови на В.С.. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Кочани.
Се работи на расчистување на случајот.

loading...