Ердоган го налути официјален Техеран: Не заборавај дека ти помогнавме на пучот во 2016!

Loading...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган стана актуелна тема во Иран, откако на митинг во Азербејџан прочита песна што го налути официјален Техеран. Песната на Ердоган предизвика големи реакции и на социјалните мрежи. 

На митингот за прослава на победата на Азербајџан над Ерменија, Ердоган ја прочита песната „Одата на Арас“.

Арас е погранична река на границата помеѓу северниот дел на Иран и јужниот дел на Азербејџан. Во северен Иран живее мнозинско Азериско население,

По ваквиот потег на Ердоган, турскиот амбасадор во Иран веднаш беше повикан на сослушување во иранското министерство за надворешни работи. 

Голема рекција дојде и од иранските медиуми. Ердоган се најде на насловната страница на сите национални медиуми. Дел од весниците блиски до режимот на официјален Техеран го потсетија Ердоган на случувањата на 15 јули 2016 година и помошта која му ја пружија иранските власти. 

„ЕРДОГАН НЕ ЈА ПОЗНАВА ИСТОРИЈАТА“ 

Еден од најпродаваните весници Кејхан, во статија потпишана од Хусејин Шериетмедари го обвинува Ердоган за непознавање на историјата. 

– Во песната се говори за спојување на Азербејџан кон Иран. Тоа е кривично дело во Азербејџан. Ердоган им се додворува на САД, Иран и Саудиска Арабија – пишува Шериетмедари. 

– Ердоган не ја познава историјата, но тоа не е неговиот најголем проблем. Најголемиот проблем на Ердоган е тоа пто има ниска политичка интелигенција. Да беше барем малку паметен, немаш да направи ваква грешка – додава Шериетмедари. 

ЕФТЕКАР: ДАЛИ НА ЕРДОГАН МУ СЕ ИСПУШТИ ОД УСТА ИЛИ ГО ПРУА ЈАЗИКОТ 

Реформаторскиот весник Ефтекар веста ја пренесе со наслов „Дали ова му се испушти на Ердоган или преставува отворена провокација“. 

– Многу неодговорно е да провоцирате трета земја со читање на песна во втора земја и да провоцирате на теми кои се увствителни за двете земји – пишува Ефтекар. 

ЏУМХУР ИСЛАМИ: БОЈКОТ НА ТУРСКИТЕ ПРОИЗВОДИ 

Весникот близок до Хизбуллах, Џумхур Ислами ја пренесе изјавата на Ердоган, повикувајќи на бојкот на турските производи

„Како реакција на изјавата на Ердоган, општествените организации побараа бојкот на турските производи“ – напиша Џумхур Ислами. 

ПОТСЕТУВАЊЕ НА ПУЧОТ 

Весникот Армани Мили на насловната страница објави панкарт од протестите во Тебриз против Турција на кој го пишува натписот „Ердоган, не го заборавај пучот од 15 јули“ мислејќи на обидот за пуч кој се случи на 15 јули 2016 година. 

Според иранските медиуми, Ердоган добил голема помош од иранските власти во врска со пучот. 

Медиумите блиски до владеачкиот режим на Иран го обвинуваат Ердоган за соработка со Израел. 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...