Есенска пита од дуњи

Loading...

Потребни состојки:
-1/2 кг кори за пита
-800 г рендани дуњи
-150 г шеќер
-4 лажици лебни трошки
-1 лажичка цимет
-малку масло
1/2 чаша минерална вода
Начин на подготовка:
Изрендајте ги дуњите, додадете го шеќерот, лебните трошки и циметот, па добро измешајте.
На првата кора ставете малку масло, па преку него ставете ја втората кора, повторно малку масло па посипете од дуњите низ целата кора и замотајте како ролат.
Истата постапка повторете ја со останатите кори. Наредете ги во подмачкан плех за печење. Премачкајте ја питата со масло и прелијте со половина чаша минерална вода (околу 100 мл). На крајот посипете малку шеќер и ставете да се пече додека не порумени.
Откако ќе се испече и олади малку, исечете ја питата на парчиња, па по желба посипете шеќер во прав.

loading...
Loading...