Есенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона

Loading...

Далгона кафето беше многу популарно претходните месеци, а можевте да го пробате и со различни вкусови. Како што доаѓа есента, така стануваат популарни и некои други рецепти кои љубителите на кафе и есен ги обожаваат

Денес решивме да ви споделиме еден рецепт за кафе со вкус на тиква кој е новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона.
Есенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона
Потребни состојки:
2 лажици инстант кафе или еспресо
2 лажици шеќер
1/4 лажичка измешани зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер.
1 лажица варена тиква
2 лажици топла вода
млеко по избор и вкус
Начин на подготовка:
Во еден сад додајте ја топлата вода, кафето, шеќерот и зачините и со рачен миксер, миксирајте ја смесата 3 до 4 минути. Треба да има пенеста текстура.
Потоа додајте ја тиквата и миксирајте додека не се соедини.
Наполнете една чаша со мраз и млеко по избор и вкус. Додајте ја смесата со тиква и уживајте во есенскиот вкус на вашето кафе.

loading...