Есен во еден вкусен залак: 3 рецепти за јадења од печени пиперки

Loading...

Кога во септември ќе замириса на печена пиперка, тоа е јасен знак дека есента пристигнала…
Денеска ви претставуваме 3 вкусни рецепти за јадења од печени пиперки во кои ќе ужива целото семејство.
Салата од печени пиперки
Потребни состојки:
– 4 црвени печени пиперки
– маслиново масло, оцет, лук и сол
Начин на припрема:
Печените пиперки излупете ги и исцедете ги. Потоа зачинете ги со маслиново масло, јаболков оцет и лук. Ако сакате, можете да додадете и кајмак или павлака.
Печени пиперки полнети со сирење


Потребни состојки:
– 8-12 пиперки
– 1/2 шолја меко козјо сирење
– зачински билки – магдонос, оригано, лук
– маслиново масло
– сол и бибер
Начин на припрема:
Измешајте го сирењето со зачините и со него наполнете ги исчистените пиперки. Наредете ги во огноотпорен сад и печете околу 20 минути на 200 Целзиусови степени. Доколку сакате, можете да ги прелиете со неутрална павлака и да ги потпечете. За декорација ставете свеж магдонос.
Супа од пиперки
Потребни состојки:
– 1 голема печена пиперка
– 1/3 шолја индиски ореви
– 1/3 шолја вода
– 1/2 кафена лажичка хималајска сол
Начин на припрема:
Наведените состојки сомелете ги во блендер, ставете ги во сад и додајте магдонос или свежо сечкана црвена пиперка.

loading...