Естонија воведе бесплатно полнење на електричните автомобили

Loading...

На светот му го понудија Skype, први во Европа воведоа бесплатен јавен градски превоз во главниот град, а сега планираат да сите да им понудат бесплатна услуга – брзо полнење на електричните возила.

Жителите на оваа земја батериите на своите автомобили ќе можат да ги наполнат на 165 станици со `супер-полначи`. Батеријата од 16 kW/h ќе може да се наполни до 80 отсто за 20 до 40 минути.
 Националната мрежа на станици официјално е покрената во среда, а проценето е дека на 165 локации распоредени ширум ретко населената земја се сосема доволно.
 Секој град и секое поголемо село ќе има по една станица, а на автопатиштата ќе се наоѓаат на секои 40 до 60 километри. Инсталирањето на овие полначи почна во средината на 2012 година.
 Оваа услуга се појавува во време на поскапување на електричната енергија за 23,6 отсто, а целта е намалување на загадениот воздух и емисијата на јаглерод диоксид.
 Се проценува дека во моментот во Естонија има 650 електрични автомобили, а повеќе од 500 од нив се од марката Mitsubishi i-MiEV кои естонската влада ги купи за државните службеници во 2011 година. Просечната цена на овој автомобил е околу 35.000 евра.
Макфакс
На светот му го понудија Skype, први во Европа воведоа бесплатен јавен градски превоз во главниот град, а сега планира

loading...