Етна еруптира 13 пат годинава

Loading...

Сицилискиот вулкан Етна, викендов повторно оживеа и исфрли големи количини лава, пепел и чад во воздухот.

Жителите се предупредени за опасноста од ерупција, бидејќи последните денови се гледал сив чад од вулканот, а во саботата почнала да истекува и лава. Ова е 13 ерупција на Етна годинава.
 Загрижените граѓани ја повикаа владата да прогласи состојба на тревога, додека стручњаците велат дека последните вулкански активности не претставуваат никаква опасност за локалните жители.
 „Ерупцијата беше спектакуларна, но не и опасна”, вели Стефано Греста, претседател на Националниот институт а геофизика и вулканологија.
 Аеродромот е затворен само на кратко, па така ерупцијата предизвика многу малку пореметувања на нормалниот живот.
 Локалните жители велат дека се работи за најинтензивната ерупција годинава, а забележани се и послаби земјотреси.
 Етна е највисокиот активен европски вулкан.
Maкфакс
Сицилискиот вулкан Етна, викендов повторно оживеа и исфрли големи количини лава, пепел и чад во воздухот.

loading...
Loading...