ЕУ ги продолжи санкциите за Сирија, не го укина ембаргото на оружје

Loading...

Европската унија објави во понеделникот навечер дека донела одлука за три месеца да ги продолжи санкциите на Сирија и посилно да ја поддржи тамошната опозиција, но не се изјасни за укинувањето на ембаргото за оружје како што бараше Велика Британија.

 Оваа одлука на шефовите на дипломатиите на 27-те земји членки на Европската унија всушност претставува компромис, оцени Вилијам Хејг, министерот за надворешни работи на Велика Британија, коментирајќи ги значајните разлики меѓу земјите членки за укинувањето или ублажувањето на ембаргото на оружје за сириските бунтовници.
Европејците така си дадоа дополнителни три месеца за да го решат тоа прашање, меѓутоа поддршката на коалиција на сириската опозиција не е дискутабилна, забележува во извештајот AFP.
„Сакавме да одиме малку подалеку, но некои беа против”, изјави британскиот министер Хејг.
Високата претставничка на ЕУ за заедничка европска дипломатија и безбедност, Кетрин Ештон, изјави дека Унијата сака да „даде значителна техничка помош за да се заштитат цивилите”.
„Не станува збор за воена помош, Станува збор да им понудиме подобра помош во заштитата на цивилите”, рекла Ештон, Меѓутоа, не прецизирала во која форма ќе биде изразена споменатата техничка помош.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус ја поздрави одлуката на ЕУ како „дополнителна поддршка за коалицијата” донесена на барање на челникот на сириската опозиција Ахемд Моаз ал-Хатиб.
Големо мнозинство од земјите членки на Европската унија биле против укинувањето на ембаргото за оружје за сириската опозиција поради стравувањата дека со тоа ќе се разгори судирот, како и оценувајќи дека 2нема недостиг од оружје во Сирија”, туку токму спротивното.
Макфакс
Европската унија објави во понеделникот навечер дека донела одлука за три месеца да ги продолжи санкциите на Сирија и

loading...