ЕУ го губи трпението за „Фејсбук“

Еврокомесарката за правда, Вера Јурова, на американскиот медиумски гигант „Фејсбук“ му даде рок до крајот на годината да постапи по регулативите за заштита на потрошувачите во ЕУ. Инаку, како што рече таа, социјалната мрежа ќе се соочи со санкции.
-Моето трпение стигна до крајната граница. Иако од ‘Фејсбук’ ме уверуваа дека до декември конечно ќе се прилагодат на сите услови, целиот процес се покажува како премногу долг- се вели во соопштението на Јурова, кое го пренесува агенцијата „Ројтерс“.


„Сега е време за акција и нема веќе ветувања. Доколку промените не се целосно спроведени до крајот на годината, ќе ги повикам властите да ги заштитат потрошувачите и да ја санкционираат компанијата“, изјавила Јурова.

Loading...