ЕУ: Забрзување на напорите за поттик на растот и вработувањето

Loading...

Челниците на Европската унија заклучија доцна ноќта во четвртокот дека е потребно да се забрзаат напорите за поттикнување на растот и вработувањето покрај истовременото продолжување на фискалната консолидација.„Проекцијата на стагнацијата на економските активности во 2013 година и неприфатливото високо ниво на невработеност покажуваат колку е важно да се забрзаат напорите за поттикнување на растот продолжувајќи ја фискалната консолидација“, се вели меѓу другото во заклучоците коишто челниците на Европската унија ги прифатија по првиот ден од самитот кој продолжува и во петок.Во заклучоците се додава и дека „посебно внимание треба да се посвети на поттикнувањето на вработувањето на младите и промоција на растот и конкурентноста“.Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј изјави на прес-конференцијата дека се мора да се истрае на отстранувањето на причините коишто доведоа до кризата.„Единствениот пат за излегување од кризата е да се продолжи отстранувањето на нејзините причинители. Околу тоа на маста имаше согласност“, рече вам Ромпуј.Повтори дека треба да се биде истраен во четири нешта: воспоставувањето и одржувањето на финансиската стабилност, којашто е клучна за враќањето на довербата на потрошувачите и инвеститорите, осигурувањето на здравите јавни финансии, итната борба против невработеноста , особено кај младите за кои во некои земји ситуацијата е драматична, како и на реформите за долгорочниот раст и конкурентноста.Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо на прес-конференцијата изјави дека Европската унија треба да продолжи со својата досегашна стратегија која „веќе покажува некои резултати“.„Денес во споредба со периодот од пред една година еврото е постабилно и постојат знаци дека се враќа довербата“, рече Баросо.По завршетокот на првиот дел на самитот на ЕУ, одвоено се сретнаа челниците на 17-те земји членки на еврозоната.Во петок европскиот состанок на врвот продолжува со дебатата за односите меѓу Европската унија и Русија.
МакфаксЧелниците на Европската унија заклучија доцна ноќта во четвртокот дека е потребно да се забрзаат напорите за пот

loading...