ЕУ официјално ја покренува мисијата за формирање војска на Мали

Loading...

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија формално во понеделникот го одобрија започнувањето на мисијата за формирање војска на африканската држава Мали, чиишто експерти веќе се на теренот во малиската престолнина Бамако.Со носењето на оваа одлука завршува постапката за основање на оваа мисија, одобрена ланскиот декември, чијашто подготовка е забрзана по француската воена интервенција од 11-ти јануари годинава, со којашто беше спречено напредувањето на исламистичките групации кои од мај 2012 година го контролираа северот на Мали, а во продолжение на операциите беа потиснати во планинските подрачја.Мисијата има големо значење и важност поради поддршката на војската на Мали, изјави шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон, пред состанокот на министрите.На теренот во Мали е веќе контингент од 70 европски војници кои допатуваа на 8-ми февруари во Бамако, каде што следниве седмици ќе им се приклучат уште 400 припадници, од кои 200 ќе бидат стручен персонал.Најмалку 16 земји членки на Европската унија го најавија учеството на нивите сили во оваа мисија,  а последната е Белгија којашто во понеделникот наутро најави дека на располагање на мисијата става два хеликоптера за медицинска евакуација кои се веќе мобилизирани во рамките на француската операција „Сервал“.
МакфаксМинистрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија формално во понеделникот го одобрија започнувањето на мисијата за форми

loading...