ЕУ си го задржува правото на вето

Можноста за укинување на ветото ја најави првиот човек на ЕК, Жан Клод Јункер, но од тоа најверојатно нема да има ништо.
Принципот на вето и на консензус за прием на нови членки Европската Унија нема намера да го укине. Најголeми заговарачи да остане принципот на вето се т.н. „стари членки“ на ЕУ, а тука пред се мисли на Германија и Франција. На тој начин тие сакаат да ја имаат контролата врз евентуалното проширувањето на Унијата.
Најпогодени од оваа одлука ќе биат Србија заради спорот со Косово, но исто така и Македонија, која во текот на преговорите може да биде блокирана од страна на Грција и Бугарија.