ЕУ Следат длабоки поделби и несогласувања 

Loading...

Европскиот парламент гласаше за активирање на членот 7 од Повелбата на ЕУ против Унгарија, односно за суспензија на правото на глас на земјата во Европскиот совет поради нарушување на владеењето на правото, контрола врз медиумите, корупција и прекршување на европските стандарди и вредности.
За да се активира членот 7 и да се суспендира правото на глас на земја членка во Европскиот совет, освен двотретинско мнозинство во Европскиот парламент, потребна е и едногласна поддршка од сите останати земји членки на ЕУ.Полска најави дека ќе застане во одбрана на Унгарија, доколку во Европскиот совет се гласа за санкции кон Унгарија, јави дописничката од Брисел.
– Секоја земја има суверено право да ги прави реформите кои смета дека се потребни. Акции против земји членки служат само за дополнително продлабочување на поделбите во ЕУ и зголемување на недовербата на граѓаните во институциите, порача полското Министерство.
Полска е исто така под лупа на европските институции поради мешање во независноста на судството и на медиумитеУште од претходно беше извесно дека Полска ќе блокира секаков обид во Советот за „нуклеарната опција“ против Унгарија.

loading...