Жална глетка, повеќе од 11.000 птици убиени од град во Монтана

Loading...

Силен град уби повеќе од 11.000 птици на 11 август, кога временската непогода ја погоди областа северозападно од Билингс, најголемиот град на американската држава Монтана. Според соопштението кое за медиумите го даде биологот Џастин По околу една четвртина од птиците на езерото се повредени или се убиени.
Околу пет проценти од преживеаните патки и третина од живите пеликани “покажуваат некои знаци на повреда или оштетување на моториката“, пренесе “Вашингтон пост“. Според метеоролошките служби град не е невообичаена временска непогода, но вообичаено се случува во јуни.

loading...