Желка со вештачки пераи повторно плива

Loading...

Речиси инвалидизирана морска желка успеала да проплива со цела брзина благодарејќи на технолошкиот подвиг на јапонските експерти кои ѝ вградиле вештачки пераи.Морската желка по има Ју, стара 2 години, останала без двете предни пераи откако била нападната од ајкула, пред да биде уловена. Во вторникот повторно успеала да проплива во акваториумот во западниот јапонски град Кобе, благодарејќи на вештачките перки.Двете гумени пераи се прицврстени на нејзиното тело, објаснил за медиумите директорот на акваториумот Наоки Камезаки.Морската желка којашто тежи 96 килограми со оклоп долг 82 сантиметри е пронајдена во мрежа на рибар и испратела во морскиот парк Сума во половината на 2008 година.Желката остана без третина од десната предна перка и половината од левата. Не можела да плива нормално, што на одговорните во акваториумот им дало идеја да изработат за неа вештачки пераи.
МакфаксРечиси инвалидизирана морска желка успеала да проплива со цела брзина благодарејќи на технолошкиот подвиг на јап

loading...