Жената со најголема годишна заработка на светот: Сè што поседува Лејди Гага

Loading...

Кон крајот на 2018-та и почетокот на 2019-та година, астролозите предвидуваа големи промени и турбулентен период. Кога станува збор за Лејди Гага, неа оваа година дефинитивно ѝ е најдобра.
Стефани Џоан Анџелина Германота која целиот свет ја знае под псевдонимот Лејди Гага, се занимава со уметност и перформанси целиот живот. Кариерата ја започнала на четири години свирејќи клавир кога многумина ја нарекувале музичко чудо.
На 14 години настапувала во некој ноќен клуб во Њујорк и тоа дефинитивно била отскочна даска за вртоглавиот успех кој набрзо го доживеала.
Добила значително поголем хонорар затоа што ја забележале познатите личности кои набрзо сакале постојано да ја слушаат.

 

View this post on Instagram

 

#Enigma ?‍♀️ see u tonight for night 2 Vegas! ? @kevinmazur @gettyentertainment

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on


Денес во Лас Вегас заработува милиони. Нејзините турнеи вклучуваат најмалку 74 спектакуларни перформанси, а секој од нив ѝ носи по милион долари.
Нејзината заработка од филмот „Градот на гревовите“ ги руши сите рекорди. Треба да се спомене дека дури и големите ѕвезди како што се Селин Дион, Елтон Џон и Бритни Спирс ретко успеале да заработат по 500.000 долари од ноќ, но Гага тоа успева да го направи.
Благодарение на филмот „Ѕвездата е родена“ ја освои престижната награда Греми, Оскар и Златен глобус што ја направија уште попопуларна и повеќе барана.
Нејзините приходи доаѓаат од различни страни. Направила договор со неколку (неочекувани) компании како „Barns&Nobl“, „Versaće“, „Mek“ дури и со „Gugl Hrom“, а нејзина должност е да се појави во некои реклами и весници. Исто така таа има и свој парфем и линија шминки кои одлично се продаваат.
Уште во 2011-та година според заработката ја престигнала Опра Винфри. Сега таа е една од најмоќните и највлијателни личности во светот на шоу бизнисот.
Од продажбата на своите карти за концерти во рамките на турнеите таа заработува деветоцифрен износ.


Од недвижнини Гага поседува вила со базен на Малибу која во 2014-та година ја платила 22.5 милиони долари. Вилата се простира на илјада метри квадратни, а дворот кој ја обиколува зазема 24 илјади квадрати.
Пред да одлучи да купи куќа, Гага живеела во изнајмен пентхаус во Њујорк кој го плаќала по 22.000 долари месечно.
Нејзиното богатство се проценува на 320 милиони долари, а тука се и луксузните автомобили и вредна колекција накит. Едно од највредните парчиња накит кое пејачката го поседува е 141 години старото Тифани ланче со жолти дијаманти.

loading...