Жена сама се породи во затворска ќелија- врескаше од болка, но никој не и помогна

Шокантни видеа се појавија на интернет од затвор во околината на Денвер. Дваесет и шестгодишната Дијана Санчез почнала да се пораѓа, врескала од болка, а чуварите не сакале да помогнат.
На чуварите неколку часа порано им кажала „осум пати“ дека ќе се породи, но тие не ја пратиле во болница, се наведува во тужбата.
Иако затворениците биле свесни дека бебето е на пат, Дијана трпела болки со часови без анестезија. Кога веќе се породила, на снимките се гледа како еден од затворските лекари и приоѓа и го зема нејзиниот син.

Според тврдењата, Брзата помош е повикана дури кога таа се породила, а нејзините правни застапници поднесоа тужба поради тоа што затворските службеници биле свесни дека на пат е бебето, а не направиле ништо, ами ја оставиле на милост и немилост.
– Болката беше неопислива. Меѓутоа, тоа што ме боли е тоа што на никој не му беше гајле што се пораѓам – кажа Санчез неколку дена подоцна.
Портпаролот на затворот за Би-Би-Си изјави дека на затворениците „им се пружа целосна медицинска нега“ и дека за тоа „се води сметка на професионално ниво“.
Дијана е во затворот од јули минатата година поради обвинение за кражба на идентитет и фалсификување исправа.

Loading...