ЖЕНИТЕ КОИ САКААТ СЕКОЈДНЕВЕН СЕКС мора да вежбаат секој ден

Вежбањето ќе ви донесе многу здравствени придобивки, но уште една работа за која најверојатно не сте ни сонувале – повеќе секс!

Всушност, една студија спроведена во Велика Британија, на Кембриџ, врз повеќе од 7.000 мажи и жени постари од 50 години покажа дека оние кои спортуваат имаат повеќе сексуални партнери.

Една од 12 жени и еден од пет анкетирани мажи имале повеќе од 10 сексуални партнери во текот на нивниот живот. Студијата покажала поврзаност помеѓу фреквенцијата на вежбање и сексуалната активност.

Жените кои тренираат најмалку еднаш неделно имаат 73 проценти поголеми шанси да спијат со најмалку 10 мажи од жените кои поретко тренираат.

Научниците ги објаснуваат овие бројки со тоа што спортистките имаат поголема можност да запознаат мажи и со тоа ќе го зголемат бројот на партнери.

Дополнително, физичката активност ја зголемува самодовербата и го зголемува расположението, што исто така влијае на зачестеноста на сексуалниот однос.

Со повеќе од 10 партнери спиеле 21,1 проценти од хетеросексуалните мажи, а 6,8 проценти од хетеросексуалните жени.

Кај хомосексуалната група на испитаници, 84 проценти од мажите спиеле со повеќе од 10 партнери, 28,9 проценти од бисексуалните жени имале повеќе од 10 партнерки и партнери и 14,3 проценти од лезбејките.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.