Жените сакаат просечни мажи, мажите сакаат совршенство

Loading...

Ако се сметате себеси за маж со просечен изглед, имаме добри вести за вас. Жените преферираат мажи кои се наоѓаат на средина на скалата на убавина.

Ново истражување покажало дека голем број на жени преферираат покрај себе да имаат маж кој изгледа просечно, односно на скалата од 1 до 10, неговиот изглед е оценет како 5.

Резултатите од анкетата покажале дека 26% проценти од жените сакаат да бидат во врска со маж чиј изглед би го оцениле како 5/10. На второ место се мажите чиј изглед е од 7 до 10, за кои гласале 21% од жените.

Изненадувачки, само 7% од жените кажале дека сакаат да бидат во врска со маж чиј изглед би го оцениле со 10.

Кај мажите, пак, резултатите од истата анкета покажуваат сосем различни резултати.

Најголемиот дел од машките испитаници, дури 22% сакаат покрај себе да имаат девојка чиј изглед би го оцениле со 8, додека 15% од мажите сакаат совршенство и би сакале да бидат во врска со девојка чиј изглед би го оцениле со чиста 10-ка.

„За мене физичката убавина не е важна, а постои и доза на страв дека ако мажот е премногу убав дека ќе му приоѓаат повеќе жени“, вели експертот за врски Луси Бересфорд.

Таа вели дека мажите се различни бидејќи ја гледаат убавината на партнерката како трофеј кој покажува колку се тие успешни или згодни.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...