Жените сепак паѓаат на рамнодушни мажи

Loading...

Жените повеќе ги привлекуваат мажи за кои не се сигурни какво мислење имаат за неа и што чувствуваат.
Ова го потврди истражувањето спроведно на Увиверзитетите Харвард и Вирџинија.
За да добијат што поискрени и поточни резултати студентките кои биле испитувани не ја знаеле целта на истражувањето, па дури помислиле дека се поканети за да учествуваат на истражување за тоа дали Фејсбук може да послужи како место за запознавање на партнери.
На девојките им биле покажувани по четири лажни профили на машки. На првата група им било кажано да се одлучат кој најмногу им се допаѓа. На другата група им било кажано  дека машките ги оцениле девојките над просекот. На третата група студентки им било кажано дека тоа можеби се машки на кои им се допаѓаат, но ништо поконкретно не им објасниле. Со други зборови, на девојките од третата група не им било конкретно кажано на кое ниво машките се заинтересирани за нив.
Девојките кои знаеа дека многу им се допаѓаат на машките биле посигурни од оние девојки на кои им беше кажано дека мажите за нив рекле дека се просечно привлечни. Но оние кои најмногу биле привлечни од машките биле девојките од третата група кои не биле сигурни колку всушност им се допаѓаат на машките.
Истражувачите на овој начин го потврдија мислењето за оние “предрасуди” дека дискретното криење на чувствата и заинтересираноста за некоја личност буди повеќе интерес кај другата страна отколку директно и јавно покажување на емоции.
Сепак, имајте во предвид дека истражувањето било спроведено виртуелно (машките профили биле измислени), па жените своите одлуки ги донесувале врз многу малку податоци за машките, а тоа е еден важен фактор затоа што запознавањето очи во очи често може да биде сосема поинакво.  Жените повеќе ги привлекуваат мажи за кои не се сигурни какво мислење имаат за неа и што чувствуваат.
Ова го потврди истражувањето спроведн

loading...