Жени на високи потпетици се движат на јаже поставено на 1.300 метри надморска височина

Loading...

Три млади жени облечени во шарени пролетни фустани со високи потпетици одлучиле да прошетаат по јаже, во замена на модните писти. Буквално се движеле на јаже сместено помеѓу две клисури на висина повисока од еден километар.
Французинка, Канаѓанка и Американка ги облекле високите потпетици и зачекориле на јажето поставено на 1300 метри надморска височина. Мими Гуесдон е од Франција и додека се движела не користела никакви помагала за да одржува
рамнотежа. Сите три натпреварувачки носеле високи потпетици од пет сантиметри, што било дополнителен предизвик во цела експедиција.

Фејт Дики од САД не успеала да ја помине целата должина иако се обидела три пати, додека Канаѓанката Миа Ноблет завршила успешно за 22 минути и 36 секунди.
Ова натпреварување е одржано во провинцијата Хунан и привлече голем број на посетители и публика.

Французинката Мими победила со време од 9 минути и 24 секунди.

loading...