Жени, ова никако немојте да го толерирате

Loading...

Постојат ситуации преку кои дамите не би требало да преминат.
Понекогаш е тешко да се одреди кога е време да му кажете на вашиот партнер дека отишол предалеку, дека е време да поразговарате и да го промени своето однесување.
Јасно ви е дека секоја врска има свои подеми и падови, па мислите дека треба да се обидете да ја одржите преминувајќи дури и преку она што премногу ве повредило. Сепак, постојат ситуации во кои не треба да толерирате, а од вас зависи како ќе реагирате.
Еве некои од нив.
Ви вели дека сте дебела – ова никако не треба да му го простите, особено ако му прејде во навика или го каже пред други. И да треба да симнете некој килограм, тоа е ваша работа, а не негова.
Ве игнорира – без разлика колку е вашиот партнер зафатен, не треба да изигрувате забавувачка за да го привлечете неговото внимание.
Едно збори, друго прави – доколку на се ви одговара со „да драга“, само колку да ве замолчи, а потоа прави нешто сосема друго, време е да разговарате. Неговите зборови и дела мора да бидат ускладени.
Ви забранува да се дружите со вашите пријатели – никој нема право да ви каже со кој треба, а со кој не треба да се дружите, дури ни вашиот партнер. Доколку е љубоморен, разговарајте со него и поставете граници.
Лаже и ги прекршува ветувањата – Дури и малите лаги се лоши за довербата во врската. Обидете се да создадете средина, во која ќе ги охрабрувате искреноста и постојаноста, а лагата сфатете ја многу сериозно.
Преноќува надвор кога ќе се поднапие – колку и да испил, тој не смее да не се јавува на телефон или да преспива некаде надвор. Тоа е само уште еден знак дека не ве почитува.Постојат ситуации преку кои дамите не би требало да преминат.
Понекогаш е тешко д

loading...