Жени, учете: Повеќе образование, подолг живот

Loading...

Жените кои немаат високо образование, имаат пократок животен век со по неколку години, покажа истражувањето спроведено во Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Ниското образование го скратува животот. Тоа е особено точно за жените во зрела возраст, кои не знаат да читаат. Тој недостиг на информација може да има негативен ефект врз здравјето, категорични се експертите.
Истражувањето покажа уште дека една третина од возрасните мажи и жени немаат доволно познавање од темите кои се однесуваат на здравјето. Па затоа кај нив ризикот е неколку пати поголем од појава на разни болести.
Недостатокот на писменост и образование кај луѓето општо кажано, води до лоши последици во однос на здравјето. Луѓето треба да знаат како да се грижат за себе и своето здравје.

loading...