Жестоки судири меѓу француските сили и исламистите во Мали

Loading...

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледриан во вторникот изјави дека во северниот дел од Мали продолжуваат жестоките судири меѓу припадниците на француските воени сили и вооружените исламисти, како и дека загинале „многу, многу џихадисти“,пренесува AFP.„Во моментиве додека разговараме во областа на масивот Ифгас на северот од Мали траат жестоки судири“, изјавил Ледриан. Според него биле убиен голем број на џихадистите, но одбил да прецизира за колкава бројка станува збор.„Ќе продолжиме остро“, одговорил Ледиран на новинарско прашање за операцијата којашто трае во планинскиот масив на крајниот север од Мали во лизина на границата со Алжир.„Верувавме дека во таа област се наоѓа базата на најрадикалните терористи, но е бевме сигурни во тоа, а сега знаеме дека тоа е така. Француската интервенција ќе трае сé додека таа област не биде целосно ослободена“, додал францускиот министер за одбрана.Операцијата на француската армија со кодно име „Сервал“ започна на 11-ти јануари, откако владата на Мали побара меѓународна воена помош за да го спречи напредувањето на исламистичките сили кон југот и главниот град Бамако, откако од мај 2012 година го заземаа под своја контрола северниот дел од земјата. Операцијата во која беа ослободени од џихадистите повеќето северни градови досега ја чинеше Франција 100 милиони евра.
МакфаксФранцускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледриан во вторникот изјави дека во северниот дел од Мали продолжуваат же

loading...