Живеел скромно, но неговите спомени од детството се најголемо богатство

Иако неговото семејство живееше скромно, Здравко Чолиќ вели дека за детството го врзуваат само убави спомени.
Најголемата балканска поп ѕвезда , за белградски „Блиц“ раскажа како ги прославил новогодишните и божиќните празници со сопругата Александра и со ќерките Уна и Лара, но се присети и како ги славел во детството.


-Живеевме од само една плата, платата на татко ми, но бевме многу среќно семејство. Татко ми работеше во државна служба, па не можевме да го славиме Божик на начин како што денес се слави. Но, секогаш со радост го чеквме млекарот кој од селото ни носеше млеко и божиќни подароци, раскажа Чола.
Дел од неговите сеќавања е и куќата на неговите баба и дедо во Требиње, каде што се збирале за Божик како деца. „Таму добивавме подароци од роднините, од пријателите и од соседите. Беше друго време, луѓето беа побезгрижни и отворени. Преку улица се довикуваа на кафе или на ручек, преспиваа едни кај другите, се радуваа и тагуваа заедно. Тоа за жал, сега се смени“, раскажа Здравко.
Еуфоријата на празниците кај него не попуштила ниту сега.
-Без оглед што Новата година ја поминав на сцената, во душата ја славев како и порано. За Божик, се собравме целото семејство на трпезата. Мојата сопруга е столб на семејството, па таа подготви разни јадења, открива Здравко

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.